Руската репрезентативка Дарија Дмитриева по две сезони на лето ќе си замине од унгарскиот Ференцварош и ќе се пресели во Романија. Според „ГСП“, Дмитриева во наредните две сезони ќе игра за шампионот ЧСМ Букурешт.
Норвешкиот репрезентативен голман Торнбјорн Бергеруд, кој од оваа сезона брани за полскиот првак Висла Плоцк, е на радарот на германскиот Фуксе Берлин, кој ќе остане без Дејан Милосављев на лето.
Некогашниот десен бек на Металург, Војислав Брајовиќ, по одличните партии во унгарскиот Чурго, доби нов договор со клубот предводен од Алем Тоскиќ и ќе остане најмалку до 2028 година.
По повредата на Емил Мадсен, тимот на Кил донесе нов десен бек до крајот на сезоната. Станува збор за египетскиот интернационалец, Мохаб Абделхак, кој доаѓа од францускиот Ним.