Европското првенство и дуелите на Македонија со преноси на МТВ

Македонскиот национален сервис, МТВ, ќе ги пренесува натпреварите од Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Како и години наназад, така и сега, љубителите на ракометот во Македонија ќе имаат можнот да уживаат во возбудувањата на континенталниот собир од 15 јануари до 1 февруари.

Допрва ќе биде познат распоредот на преноси на националниот сервис. Натпреварите од групната фаза ќе се играат во термините од 18:00 чаот и од 20:30 часот, додека за дуелите од главната рунда ќе биде во функција и терминот од 15:30 часот.

Македонската репрезентација ги започна подготовките за ЕП, во кои ќе игра пријателски натпревар против Хрватска во Пореч на 28 декември, а потоа и Винтертур против Швајцарија, Украина и Бахреин.

Избраниците на Кирил Лазаров своите натпревари ќе ги игра во градот Хернинг во „Јуске Банк Боксен“, а ривали покрај домаќинот Данска, ќе им бидат уште Португалија и Романија.