Францускиот кружен напаѓач Жереми Тото останува верен на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед. Некогашниот вардарец ја продолжи соработката за уште две сезони и ќе остане во Сегед најмалку до 2028 годна.
Алжирскиот репрезентативец Ајуб Абди ја продолжи соработката со францускиот Нант и ќе остане во овој клуб најмалку до 2029 година. Тој ja oдработува втората сезона по доаѓањето од Тулуз, но се чини дека ги освои симпатиите на раководтвото.
Некогашниот член на Висла Плоцк и Келце, Томаш Гебала, по кратките авантури во Кувајт и во Египет се врати во татковината и потпиша договор до крајот на оваа сезона со тимот на Вибжеже Гдањск.
Француската репрезентативка Тамара Хорачек на лето заминува од словенечкиот Крим и ќе се врати дома. Левиот бек потпиша договор со тимот на Брест Бретањ, каде треба да остане најмалку до 2029 година.
Црногорската репрезентативка со хрватско потекло Матеа Плетикосиќ, ја продолжи соработката со хрватскиот првак Подравка и ќе остане во клубот предводен од Ивица Обрван најмалку до 2028 година.