Македонскиот првак ќе бара една од четирите вајлд-карти за ЛШ, еве ги конкурентите!

Македонија во проширената ЛШ со 24 екипи нема да добие директно место, туку шампионот ќе мора да бара вајлд-карта за учество. На ранкингот, Македонија се наоѓа на 12 место со пад за една позиција во споредба со минатото рангирање. За новата сезона 2026/27, ранкингот е направен врз основа на резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25.

Федерациите што се рангирани од 1 до 10 место имаа директно место во групната фаза – Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка. Сите овие држави имаат можност да побарат по најмногу две вајлд-карти за своите екипи, но од тие барања максимум осум ќе бидат прифатени.

Сега доаѓаме до главниот дел за Македонија – четири вајлд-карти ќе бидат отворени за барања од федерации што немаат директно место во Лигата на шампионите, меѓу кои ќе биде и македонскиот клуб. За останатите две слободни места ќе може да бидат пополнети од освојувачите на титули во ЛШ и ЛЕ од претходната сезона, а ЕХФ го задржува правото да додели валјд-карта и на екипа што не е од европскиот континент!

Покрај Македонија која нема директно место во ЛШ, тука се уште и федерациите на Швајцарија, Србија, Австрија, Шведска, Турција, Словачка, Словенија, Чешка…

Тоа значи дека идниот македонски првак, доколку се пријави за вајлд-карта би имал конкуренција во некој од тимовите на Партизан/Војводина, Слован Љубљана/Тримо/Целје, Кадетен Шафхаузен/Криенс, Кристијаншад/Иштад, Татран Прешов, Карвина, Бешикташ/Бурса, Алпла Хард/Ферлах…

Кога ќе се погледне конкуренција, македонскиот првак сигурно би ја добил вајлд-картата за учество, но секоја следна сезона, критериумите на ЕХФ се се построги.

Максимум на екипи од една федерација може да биде три, а 24 екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи, од кои 12 ќе се пласираат во главната рунда, а останатите 12 продолжуваат во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Ждрепката за групите ќе се одржи на 26 јуни во Виена.