Бомбач ќе игра за последнопласираниот тим во Бундес лигата!

Иако беше поврзуван со трансфер во Македонија и камбек во татковината, словенечкиот плејмејкер Дејан Бомбач, ќе има бундеслигашки предизвик.

Според „Билд“, Бомбач е на чекор до потпис со последнопласираната екипа во Бундес лигата, Лајпциг.

Средниот бек поради конфликт со раководството на унгарскиот Ѓер, го раскина договорот предвреме и сега бара нов клуб.

Лајпциг досега нема победа во сезоната, го смени тренерот Раул Алонсо, а доаѓањето на Бомбач би можело да им биде од голема корист во клучните битки за опстанок.

Бомбач досега играше за Копер, Динамо Минкс, Екс Ан Прованс, ПИК Сегед, Келце и Ѓер.