Европската ракометна федерација ги потврди термините и саатниците за двомечот од осминафиналето меѓу Охрид и Дукла Прага.
Првиот натпревар на кој домаќини се „гладијаторите“ ќе се игра на 14 февруари во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.
Реванш средбата по која ќе биде познат патникот во четвртфиналето на програмата е на 21 февруари од 18:00 часот во Прага.
Охрид во втората и третата рунда ги елиминира азербејџанскиот Баку и босанската Слога Добој, а доколку ја елиминира и Дукла Прага, македонскиот претставник ќе го оствари најголемиот клупски успех во Европа.

























