понеделник, септември 29, 2025

🎥 Кошмар за Сегед – загуби од Татабања, но го загуби и Смарасон!

ПИК Сегед пред четири дена го победи ПСЖ во ЛШ, а сега го доживеа првиот кикс во унгарското првенство, откако загуби на гостувањето кај Татабања со 34-30. Домашниот тим беше подобар во текот на целиот натпревар и стигна до голема победа. Но, уште поголем удар за Сегед е повредата на нивниот централен бек Јанус Дади Смарасон, кој се повреди во последната минута. Станува збор за можна тешка повреда на колено. Веста ги загрижи и редовите на Барселона, бидејќи Смарасон е практично договорен за трансфер во каталонскиот клуб следната сезона како замена за Домен Макуц.