ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Суперлигашко дерби во Скопје – Охрид гостува кај Вардар

Денеска во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одиграат последните натпревари од „Трофеј Македонија“ и ќе биде познат освојувачот на првото место.

Женската репрезентација на Македонија си го искомплицира патот до трофејот, откако загуби од Египет, па сега ќе зависи од други.

Најпрво ќе чека пораз (или реми) на Египет во африканскиот двобој против Тунис, а потоа ќе мора да го совлада јужниот сосед и така да стигне до првото место.

Африканските селекции ќе играат со почеток во 14:00 часот, додека од 16:30 часот е пресметката меѓу Македонија и Грција.

Покрај натпреварите од „Трофеј Македонија“, во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат и три суперлигашки средби, а најмногу дербито во Скопје.

Вардар ќе го пречека Охрид, кој покажа дека сезонава е рамо до рамо со „црвено-црните“, пелистерци и тимот од Автокоманда.

Бутел Скопје ќе го пречека Прилеп во дуел што може да биде важен во битката за плеј-оф, а Пролет е домаќин на Радовиш.

Покрај овие дуели, свои настапи во домашните шампионати ќе имаат Мартин Карапалевски, Евгениј Темелкоски, Филип Арсеновски, Хари Павлов….

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 ЕГИПЕТ – ТУНИС (ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА)
16:30 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВАРДАР – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПРОЛЕТ – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ОЛИМПИЈАКОС – ПАОК (ГРЦИЈА)
19:00 ФЕРЛАХ – ХОЛАБРУН (АВСТРИЈА)
19:00 БАРСЕЛОНА – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)