Денеска во СРЦ „Билјанини Извори“ на програмата се два натпревари од вториот ден на „Трофеј Македонија“.
Програмата од 18:15 часот ќе ја отворат Грција и Тунис, додека од 20:30 часот домаќинот Македонија ќе се соочи со Египет.
Ако европските селекции слават, тогаш утре во директен дуел ќе решаваат за првото место и освојувачот на трофејот.
Покрај двете репрезентативни средби, на македонските терени ќе има уште и три прволигашки средби во Неготино, Гевгелија и Скопје.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:15 ГРЦИЈА – ТУНИС (ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА)
20:30 МАКЕДОНИЈА – ЕГИПЕТ (ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
20:30 МУЛТИ ЕСЕНС – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)