📷 ОХРИД 2025: Пораз со вкус на победа – „гладијаторите“ во второ финале за седум дена

ГАЛЕРИЈА Охрид – Нексе

Ракометарите на Охрид ќе играат во финалето на домашниот турнир „Крсте Андоновски“ иако загубија со 30-29 од екипата на Нексе. Ова значи дека во кругот од три тима со по четири бодови, најдобар е Охрид со +4 гол разлика, Нексе заврши втор во групата -1, додека Партизан заврши на третото место во групата со гол разлика од -3. Во финалето Охрид ќе игра против Еурофарм Пелистер од 20:00 часот, додека од 17:45 часот Вардар ќе се сретне со Нексе Нашице.