РФМ ќе избира ракометар(ка) на годината!

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, откри дека македонската куќа на ракометот ќе избира ракометар и ракометарка на годината.

Овој избор би требало да се одржи кон крајот на ноември годинава и по долго време ќе биде возобневен.

„Во месец ноември ќе направиме избор на ракометар и ракометарка на годината. Сакаме да им оддадеме признанија на оние кои во текот на целата година работеле“, изјави Тасевски, но не откри повеќе детали.

Со ова РФМ ќе влезе во кругот на голем број европски федерации кои имаат вакви избори на крајот на годината.