Филип Миркуловски се врати во Македонија – ќе биде координатор на сите машки селекции!

Легендарниот Филип Миркуловски, по десет сезони во Германија, кратко во Хановер, а потоа како играч и тренер во Вецлар, реши дека е време за враќање во татковината.

Миркуловски ќе биде дел до Ракометната федерација на Македонија и во иднина ќе ја извршува функцијата координатор на сите машки репрезентации, од кадети преку младинци до сениори.

Тој ќе соработува со триото селектори Горан Кузманоски (кадети), Наум Танески (младинци) и Кирил Лазаров (сениори) во следниот период.

Некогашниот среден бек кратко време беше дел од стручниот штаб на Кирил Лазаров во сениорската репрезентација, но Вецлар беше пречката за паралелна работа.

Сега Миркуловски се врати во Македонија и во иднина ќе може да се посвети само на работата со националните тимови.