Чаир со моќно издание се прошета низ Штип

Ракометарките на Чаир ја забележаа втората победа во плеј-офот од Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Астибо со 39-24.

Избраничките на Басри Љатифи уште на стартот поведоа со 6-0, па 8-1 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар.

До паузата, чаирчанки обезбедија залиха од 11 погодоци, 23-12, а вториот дел беше прилика за двајцата тренери да им дадат шанса на сите ракометарки, но немаше големи резултатски промени.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Стефанија Ѓорѓиевска со осум погодоци, како и Теодора Дукоска и Габриела Величковска со по шест гола. Во составот на Астибо, стандардно Марија Анчева имаше десет погодоци и беше најдобри.