Поранешниот селектор на машката репрезентација на Хрватска, Горан Перковац, е новиот селектор на Иран.
Како што е познато, по неуспехот на ЕП 2024, ХРС му додели отказ на искусниот стратег, кој на кормилото на ,,коцкестите” беше една година.
Сега главната цел на Перковац со азиската селекција ќе биде настап на Азиското првенство следната година и обезбедување пласман на Мундијалот во 2027.
Репрезентацијата на Иран досега има само две учества на Мундијалите, во 2015 и 2023, но без забележителни резултати.
Иран на СП 2023, кога ја помина групната фаза, беше предводен од легендарниот Веселин Вујовиќ.