Довчерашниот интернационалец, талентираниот Бобан Петров се врати во Македонија и ги засили редовите на дебитантот Борец ФЛ.
Петров, кој настапува на позицијата среден бек, со себе носи големо искуство и сигурно ќе биде од голема помош за тимот предводен од Владимир Глигиров.
Талентираниот Петров потекнува од школата на Велес 2009, клуб во кој ги имаше првите чекори во ракометот, а во странство настапуваше во Германија.
Таму беше дел младинскиот тим на европскиот гигант Кил и имаше можност да учи од најдобрите, но и да напредува на повисоко ниво.
20-годишниот велешанец првиот дел од тековната сезона го помина во редовите на Котбус.
Велешани претходно се засилија со средниот бек Марио Миланов, десниот бек Синиша Павлов, левиот бек Бариша Цвитановиќ како и десниот бек Габриел Гуедеш од Бразил.