Пред две години на СП 2023 во Полска и Шведска, Македонија играше во Президент Купот и заврши на 27 позиција.
За разлика од тогаш, сега Кирил Лазаров и момците се пласираа во главната рунда, па на крајот го завршуваат Мундијалот на 15 место.
Во рангирањето на четвртопласираните селекции од сите групи, Италија веќе ги одигра трите меча и е послаба од Македонија, додека другите две селекции од групите 3 и 4, кои имаат меч помалку, многу веројатно ќе имаат или повеќе бодови од нашата селекција или подобра гол-разлика.
Следен голем предизвик за нашата репрезентација ќе бидат квалификациите за ЕП 2026 и двомечот со Словенија во март.