Машката репрезентација на Македонија утре во рамки од 2. коло од главната фаза на Светското првенство 2025 ќе се соочи со Катар.
Репрезентацијата предводена од Веселин Вујовиќ покажа дека може да се надигрува со секој ривал, а на вчерашниот натпревар против Холандија загуби во драматичен финиш.
Кружниот напаѓач Милан Лазаревски ги истакна своите очекувања за утрешното соочување со азиската селекција.
,,Како што можевме да видиме од дуелот со Холандија, Катар не се покажа ни малку како наивен противник. Иако бековите во нивната репрезентација се во поодминати години и доцнежна фаза во нивната кариера, покажаа дека може да допринесат и тоа како за нивниот тим.. Можам да кажам дека ќе имаме тотално различен дуел од оние претходните, но до доколку пристапот е ист како претходно, може да имаме позитивен исход. Адут треба да ни биде брзата транзиција и полуконтра која ја негуваме, тоа е евидентно на ова СП. Затоа што се работи за ривал кој има постари играчи, може да им направиме проблеми. Иако се физички силни, Катарците се доста бавни и таков начин на игра и пристап за нив би било невозможно да ни одговорат. Таму ја гледам шансата за позитивен исход“, изјави Лазаревски.
Натпреварот меѓу Македонија и Катар е на програмата од 15:30 часот.
Ѓорѓиев: Треба да ја искористиме нашата младост против Катар