„Црвено-црните“ најавија: Во преговори сме со играчи што можат да придонесат за силен Вардар!

Еден од првите ракометари од актуелниот состав на Вардар што ја продолжи верноста кон „црвено-црниот“ тим е левиот бек Дмитро Горига.

Тој се обврза на нов договор на уште една сезона и треба да остане во Скопје најмалку до 2026 година. Оперативниот директор на Вардар, Андрија Нунев најави дека преговори се водат и со други ракометари.

„Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да му помогнат, и ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина“, изјави Нунев.

Освен Горига, актуелниот соработки со Вардар најмалку до 2026 година имаат и Танкоски, Срдановиќ, Лазаревски, Томче и Марио Стојановски, Гогов, Пинто…а договори до крајот на оваа сезона имаат Петриќ, Николиќ, Георгиевски, Маргели, Крсманчиќ…додека клаузули за продолжување до 2026 имаат Борозан, Еспиња и Коиј, како и тренерот Милано.

Вардар и Горига во љубов уште една сезона!