🎥Коларовска: Покажавме дека не сме за потценување
Женската репрезентација на Македонија утре против Унгарија ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство 2024. По вчерашното реми против Турција, 25:25, избраничките на Кристијан Грчевски имаат малку време за подготовка, а средниот бек Ана Марија Коларовска, која постигна два гола против Турција, даде свој коментар за ремито и ги истакна очекувањата за натпреварот со домаќинот. Целосната изјава на Коларовска можете да ја погледнете на видеото во продолжение...