Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за настап на претстојниот Мундијал.
Лазаров на списокот има 35 ракометари, кои и претходно се наоѓаа во комбинација за настап, a од нив може да одбере максимум 20 ракометари (или помалку кои ќе патуваат на СП 2025.
Македонија ќе игра во Вараждин, а ќе биде во група со селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Доколку се пласира во главната рунда, нашата селекција ќе се соочи со најдобрите три од групата во која се Франција, Алжир, Катар и Австрија.
Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 8 коло во Лигата на шампионите.
Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе патува во португалската престолнина Лисабон.
Битолчаните ќе го судат натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и ПСЖ, еден од поинтересните натпревари претстојното коло.
Двобојот меѓу португалскиот и францускиот првак е закажан за 20 ноември во „Жоао Роча“ во Лисабон со почеток во 20:45 часот.
Шпанскиот стратег Раул Алонсо пристигна во Македонија, и в недела ќе го преземе раководењето со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
На денешната средба со Прилеп, шампионот ќе го води Звонко Шундовски, а новиот стратег ќе дебитира в среда.
Алонсо по ангажманот во Бундес лигата во тимот на Ерланген, доаѓа во Битола и потпиша договор со пелистерци до летото 2026 година.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и данската Фредериција се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.
Единствениот женски претставник од Македонија во Европа, екипата на Чаир, претстојниот викенд ќе ги одигра двете средби од Европскиот Куп.
Двата натпревари против португалската екипа Колехио Де Гаиа ќе се одиграат во салата во Автокоманда, а раководството на Чаир се одлучи за популарен потег.
Влезот за двата меча ќе биде слободен, па чаирчанки ќе може да сметаат на голема поддршка од трибините како и во досегашните европски настапи.
Првиот натпревар меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа се игра на 16 ноември од 16:00 часот, додека следниот дуел е утредента во истото време на истото место.
Екипата на Охрид не успеа да се израдува на 9-ти триумф, откако на свој терен беше поразена од „сино-белите“ од Автокоманда со 29:22.
Еден од подобрите на теренот во редовите на домашниот табор беше Живан Пешиќ, кој истакна дека ова е само прв круг од регуларниот дел и дека се ќе се решава во плеј-офот.
,,Им честитан ма моите играчи за борбата, имавме неколку грешки кои нѐ чинеа гол, некои промашени зицери, но што е тука е, ова е само еден круг од регуларниот дел, сезоната е долга, кога ќе стартува плеј-офот, веќа тука сѐ е можно, има уште многу да се игра, плеј-офот е пред нас, ние од месец во месец сме подобри и подобри. Многу е тешко да победиш на вакво дерби, на кое имаш промашени 4-5 пенали и неколку зицери. Има уште многу да се игра, нас ни останува подготвиме што е можно повеќе за април, односно за плеј-офот”,изјави Пешиќ.
Охрид во следното коло пред својата публика ќе игра против Радовиш.