Машката репрезентација на Македонија по двата меча од квалификациите за ЕП 2026 година, ќе има голем предизвик на СП 2025.
Пред настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, избраниците на Кире Лазаров, би требало да одигра пријателски натпревар со селекцијата на Хрватска.
Хрватите ќе тестираат со селекциите на Италија во првиот дел од подготовките, потоа со Словенија во Загреб, а дуелот од Македонија најверојатно ќе биде од затворен тип, затоа што ќе биде последен тест пред стартот на СП 2025.
Македонија ќе игра во групната фаза во Вараждин против селекциите на Холандија, Унгарија и Гвинеја, а доколку се пласира во главната рунда ќе остане во истиот град.
Хрватите ќе играат во Загреб против селекциите на Египет, Аргентина и Бахреин.
Ракометната федерација на Македонија, иако подоцна од најавеното, денеска ги исплати ветените премии за три репрезентативни селекции.
Сениорите и сениорките ќе поделат по 2.000.000 денари за пласманите на СП 2025 и ЕП 2024.
Мажите го минаа успешно баражот со Фарски Острови и обезедија пласман на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, додека дамите преку квалификациите со Шпанија, Азербејџан и Литванија се пласираа на континенталниот собир.
Премија од 1.000.000 денари имаше и за младинците, кои го освоија деветтото место на Европското првенство во Словенија ова лето.
Македонскиот шампион Ѓорче Петров запиша втора победа на пријателските натпревари против Кина.
По триумфот со 34-31, на првата меѓусебна средба, избраничките на Симе Симовски славеа и на втората со 32-28.
Азиската репрезентација се подготвува во Скопје за настап на континенталниот шампионат, додека Ѓорче Петров во недостиг на квалитетна конкуренција во регуларниот дел од сезоната бара поквалитетни ривали.
Утре „лавиците“ од Ѓорче Петров го играат последниот натпревар од регуларниот дел од Женската лига против Спартак.
Тимот предводен од Кире Лазаров продолжува без пораз во Супер лигата, славеше на гостувањето кај Охрид со 29:22 и со новите два бода се зацврсти на првата позиција на табелата, додека „гладијаторите“ остануваат на 16 бода.
Како што се очекуваше, натпреварот започна со борбена игра на двете страни, домаќините беа тие кои први поведоа, потоа се играше гол за гол, а по нерешените 7:7, тимот на Кире Лазаров започна да се одлепува, до крајот на првото полувреме водеше со еден до три гола разлика. Предводници во нападот на гостите беа Митев и Серафимов, двајцата постигнаа вкупно девет гола во првиот дел. По 30 минути игра резултатот беше 16:14 во корист за гостинот.
На стартот на вториот дел гостинот со два гола во низа дојде до 17:14, имаше напад и за плус три, но голманот Ѓорѓески го одбрани ударот на Ѓорѓиев, а потоа реализираше Пешиќ за минус два, 17:15. Она што домаќините не го направија на стартот на вториот дел, го остварија во 36 минута кога Цирар од пенал го совлада Галевски за минус еден, 18:17.
Охрид наместо да израмни во 40 минута, дозволи гостинските ракометари со мини серија да дојдат до 21:18, па тренерот на домаќините Стевче Алушовски мораше да го искористи вториот тјам-аут. Тимот од Автокоманда продолжи да реализира и во 45 минута имаше плус шест, 23:18.
До крајот гостите водеа, играа лесно, се разбрани Галевски и веќе во 50 минута при нивно водство од 25:20, беше јасно дека бодовите ќе заминат во Автокоманда.
Мартин Серафимов имаше свој ден, натпреварот го заврши со 12 гола, кај домаќините најефикасни беа Иван Тасески, Живан Пешиќ и Гал Цирар, сите тројца имаа по четири гола.