🎥 Дац и Александар со женска верзија на „Уште ми фалиш“ – легендите Кастратовиќ и Нацева дел од спотот

Легендарните македонски репрезентативки и членки на Кометал Ѓорче Петров, Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ, кои сега се дел од раководството на Вардар, беа дел од спотот за песната „Уште ми фалиш“ на Александар Митевски и Драган Спасов-Дац. Ова беше песна во нивна изведба победи на Макфест во 2019 година, а сега по пет години доживеа и женска верзија во изведба на Билјана Ѓошева и Билјана Драгичевиќ-Пројковска. Покрај двете ракометни легедни, во спотот кој е снимен во Драмски Театар се појавуваат уште многу дами од општествениот живот.

|
22:00

Службен триумф за Ѓорче Петров – „лавиците“ се последните учеснички на Ф4 во Купот

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
12:27

Екипата на Ѓорче Петров е последниот патник на завршницата во женскиот Куп, откако службено ќе го добие натпреварот против Гевгелија што требаше да се игра денеска.

Поради скандалот на натпреварот меѓу Скопје и Гевгелија, скандал за кој пишуваа и регионалните медиуми, тимот од најјужниот македонски град кој требаше да игра финале во групата В, доби суспензија од страна на РФМ.

Како што е познато, Дисциплинската комисија на македонската куќа на ракометот ги исфрли двете екипи од системот на натпреварување.

Освен Ѓорче Петров, на завршницата во Купот ќе учествуваат уште Чаир, Вардар и Металург Автокоманда.

Во минатата сезона Ѓорче Петров со победата над Чаир од 36:24 успеа да го освои Куп трофејот.

Куп на Македонија, жени, групна фаза:

група А
Спартак – Шампион 29-19
Металург Автокоманда – Стружанка 39-17
Спартак – Металург Автокоманда 18-36

група Б
Астибо – Куманово 16-29
Чаир – Ѓорче Петров 2 39-24
Чаир – Куманово 28-27

група В
Скопје – Гевгелија 16-17
Ѓорче Петров – Деспина 44-10
Ѓорче Петров – Гевгелија 10-0 сл.

група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ 33-13
Вардар – Пелистер 34-21

„Прецртаните“ му порачаа на Обрван: Можеше да ни се јави, а не дознаваме од медиуми…

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
14:19

Голема фама се крена во хрватската јавност по објавувањето на скратениот список на ракометарки пред настапот на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

На списокот на селекторот Ивица Обрван се најдоа 20 ракометарки, но меѓу нив не се лидерите на националниот тим – Ќамила Мичијевиќ, Теа Пијевиќ и Валентина Блажевиќ. Ги нема ниту повредените Ана Дебелиќ и Андреа Шимара.

Трите „прецртани“ ракометарки се огласија во хрватските медиуми.

„Сите очекуваат ние да дадеме изјава, откако од медиумите дознавме за одлуката на селекторот Ивица Обрван да не бидеме повикани за настап на ЕП, бидејќи сме свесни дека тој очекува наша изјава. Во целост се сложуваме со тоа дека Обрван има право да повика кои ракометарки сака и тоа е негова одлука. Но сметаме дека по сите овие години кои ги дадовме за женскиот ракомет во Хрватска во најмала рака заслуживме да ни се јави селекторот, некој од стручниот штаб или сојузот и да не информира, а не да дознаваме од медиумите. Нема поубаво чувство од тоа кога се носи хрватскиот дрес. Длабоко сме навредени од постапката на селекторот, кој кажа дека вратите на репрезентацијата за нас се отворени, но тој самиот на овој начин ги затвора“, порачаа трите ракометарки за 24Сата.

Хрватска ќе тестира со Македонија и Србија на „Кроација Куп“ во Пореч од 22 до 24 ноември, додека на ЕП ќе биде во група со Данска, Швајцарија и Фарски Острови во Базел.

Хрватска на ЕП без главните ѕвезди – Обрван не смета на Мичијевиќ, Блажевиќ, Пијевиќ…

Чаир со победа се загреа за европскиот предизвик

Автор: Влатко Мирчески
| 12 ноември 2024
19:53

Ракометарките на Чаир со максимален ефект, 10 од 10, го завршија настапот во регуларниот дел од Женската лига.

Чаир во последното коло за ривал го имаше Астибо од Штип и одработи според посакуваното триумфирајќи со 30:27.

Астибо се покажа како добар ривал, во првиот дел на моменти водеше со 1-2 гола разлика, а домашниот тим победата ја обезбеди со подобрата игра во вторите 30 минути.

Тренерот Љатифи поради европскиот настап овој викенд, не сакаше да ризикува многу, па така поголемиот број од првотимките се штедеа.

Одлична партија во дресот на Чаир имаше младата Рона Мифтари, која постигна 12 погодоци, седум додаде Биљана Дамчевска.

Кај поразениот табор, стандардно, прво име беше Марија Анчева со 13 погодоци, а ја следеше Елена Вучевска со девет.

Натпреварите меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа во рамки од 3. коло од Европскиот Куп се играат в сабота и недела во Автокоманда со почеток од 16:00 часот.

📸 Новиот тренер на Вардар со пиво се „чекираше“ во Скопје

Автор: Душко Андов
| 13 ноември 2024
17:11

Новиот стратег на Вардар, Гиљермо Милано, пристигна во Скопје и ќе го преземе кормилото на „црвено-црните“.

Тој имаше обврски со младинската и кадетската репрезентација на Аргентина на шампионатите на Средна и Јужна Америка пред да дојде во македонската престолнина.

Милано се „чекираше“ на социјалните мрежи од Скопје и своето деби би требало да го има веќе на дуелот со Струга од Супер лигата што ќе се игра в сабота.

Аргентинскиот стратег со младинците го освои златото на шампионатот во Средна и Јужна Америка, додека со кадетите играше во финалето и освои сребро.

По мечот со Струга од Супер лигата, за Вардар следува патување до далечниот Исланд и меч со Валур од Лигата на Европа.

Пера ги отвори картите – еве го списокот на Романија за ЕП 2024

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
16:26

Селекторот на женската репрезентација на Романија, Флорентин Пера, го објави списокот на ракометарки за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Тој ќе смета на 18 ракометарки, кои ќе бидат дел од натпреварите во „Златната лига“ во Данска, а потоа и на континенталниот собир.

На списокот ја нема Кристина Ласло, која Пера ја тренираше во неговиот клуб Глорија Бистрица, по нивниот меѓусебен конфликт, а нема да игра ниту Елиза Бучески, која се откажа од националниот тим, откако Пера не ја повика на последните два собири.

Романките се во групата Б што ќе се игра во Дебрецин, заедно со Црна Гора, Србија и Чешка, па ќе има добри шанси да се избори за главната рунда.