Македонија ЃП со одличен втор дел до два бода во Гевгелија

Екипата на Македонија ЃП по старниот триумф над Младост Богданци, денеска се израдува на нови два бода во прволигашката конкуренција.

Македонија ЃП гостуваше во Гевгелија кај Партизан во натпревар од 2. коло од групата Б и успеа да триумфира со осум гола разлика, 35:27.

На полувреме резултатот беше нерешен, 16:16, а гостите во вторите 30 минути со подобрата игра стигнаа до посакуваната цел.

Никола Иванов беше најефикасен во победничката екипа со девет погодоци, по седум запишаа Стефан Нацев и Мартин Бучуковски.

Листата на стрелци во поразениот табор беше предводена од Горан Лисичков со седум и Васил Зајков со шест погодоци.

Ракометарите на Македонија ЃП во следното коло ќе играат на домашен терен со Драчево, додека Партизан ќе гостува во Ресен кај Младост.