Откако остана без кружниот напаѓач Никола Летиќ, кој се пресели во кавадаречки Тиквеш, тимот на Струга врати едно од своите „деца“.
Станува збор за Филип Пајкоски, кој ќе биде големо засилување за составот предводен од Наум Танески.
Пивотот беше меѓу најдобрите поединци во струшкиот тим во изненадувачки високиот триумф над Пролет во третото коло од Супер лигата.
Пајкоски има големо суперлигашко искуство, играше за Прилеп, Аеродром…ова лето беше пред трансфер во Куманово, но не се договори, па се врати во родниот град.
Стружани во првите две кола загубија од Бисинов и Еурофарм Пелистер, но во минатото коло го совладаа Пролет. Викендов ќе бидат на испит на гостувањето кај Куманово.