{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 25Шведскиот претставник ГУИФ Ескилстуна ја освои бронзата на турнирот во Струга откако го совлада грчки ПАОК со 28-27(15-12). Во натпреварот за третото место на 52. издание на меѓународниот ракометен турнир, двете екипи покажаа интересен и изедначен ракомет. Иако се штедеа силите публиката на спортското игралиште „Горан Поповски-Бабец“ можеше да ужива во модерен ракомет. Најпрецизни на дуелот беа Ларсон со 9 кај Ескилстуна, а Григрис од ПАОК постигна 6. Гуиф предводен од тренерот Зоран Рогановиќ третпат беше дел од Струшкиот турнир, но ниту во третиот обид не успеа да стигне до финале, и мораше да се задоволи со бронзата.