Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Купот.
Првата полуфинална средба во машка конкуренција меѓу „сино-белите“ и Вардар што е на 16 мај од 19:30 часот, ќе ја судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а делегати ќе бидат Васил Чавдаров и Марјан Начевски.
Второто полуфинале кај мажите на 17 мај од 19:30 часот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер им е доверено на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а делегати се Камер Металари и Душко Камишевски.
Финалето на 19 мај од 19:00 часот, ќе го судат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, додека делегати се Драган Начевски и Ацо Николовски.
Првото полуфинале од женска конкуренција на 16 мај од 17:00 часот меѓу Куманово и Ѓорче Петров ќе го судат Спаско и Глигор Ќаеви, додека делегат е Марјан Огњановски.
Второто полуфинале кај дамите што ќе се игра на 17 мај од 17:00 часот меѓу Вардар и Чаир им е доверено на Дејан и Димитар Георгиевски, а делегат ќе биде Цано Куртовиќ.
Финалето кај дамите што ќе се игра на 19 мај од 16:00 часот, Натпреварувачката комисија им го додели на Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски, додека делегати ќе бидат Лери Мирчевски и Љупчо Јаневски.