Селекцијата на Куба предводена од вардарецот Хансер Родригез стигна до златото на првенството на Северна Америка и Кариби и се пласираше на Мундијалот во 2025 година.
Ова e камбек на Куба на Светските првенства по пауза од 16 години, откако последен пат играше на СП 2009, кое исто така се одржа во Хрватска.
Родригез беше лидер на младиот тим на Куба, кој забележа пет победи во групната фаза на петте меча против Гренланд, Мексико, Порторико, Канада и САД.
Потоа во финалниот натпревар против домаќинот Мексико, Куба славеше со 36-21, а Родригез постигна осум погодоци.
Куба ќе биде дел од третиот шешир и нема да може да игра против Македонија во прелиминарната фаза, а ждрепката ќе се одржи на 29 мај од 17:30 часот.