Радовиш со важна победа во битката за суперлигашки бараж

Ракометарите на Радовиш на свој терен успеаја да триумфираат против Младост Богданци со 27:27 и ја презедоа втората позиција во прволигашкиот плеј-оф.

Екипата која на крај ќе заврши како второпласирана ќе игра бараж дуел со третопласираниот од суперлигашкиот плеј-аут. До крајот од тековната сезона треба да се одиграат уште четири кола.

Радовиш на табелата има 23 бодови, додека Младост остана на 21, а актуелен лидер е непоразениот Бисинов, кој на свое конто има 30 бодови и веќе е извесно дека тимот од Велес следната сезона ќе биде дел од елитата.

Домашниот тим во речиси најголемиот дел од натпреварот беше подобар противник, на пауза имаше предност од 14:11, во вториот дел во еден момент дозволи гостите да направат камбек и да израмнат на 18:18, но водени од искусните Постолов и Стојановски, домаќините дојдоа до зацртаната цел.

Победничката екипа беше предводена од Здравко Постолов со седум погодоци, по пет запишаа Васе Петров и Зоран Стојановски. Кај поразениот табор се истакна Антониот Николоски со седум реализации.