„Ракометот – најценет спорт во Македонија“

Во изминативе пет години грузискиот репрезентативец во редовите на Охрид, Теимураз Орјоникидзе играше во унгарските клубови Ференцварош и Орошази, по една сезона, потоа исто толку време се задржа и во романска Решица, додека последниве две години беше играч на фински Кокс, со кој настапуваше и во Европската лига.

Тој направи споредба меѓу Македонија и останатите земји во кои играл.

„Со Кокс игравме во Европската лига, но факт е дека во Финска ракометот е полу-професионален. Да, ти тренираш ракомет, но треба и да работиш. Играњето во Европската лига беше одлично искуство, но јас не бев навикнат на такво темпо, ем работа, ем тренинзи и заработив тешка повреда на коленото. Првата сезона во Финска ми беше многу тешка, се борев самиот со себе. Потоа втората одиграв многу подобро, се вратив по повредата и кога стигна понудата од Охрид и од Стевче, не се двоумев. Ако треба да направам споредба можам да кажам дека во Македонија ракометот најмногу се вреднува. Играв во Унгарија, Романија и Финска каде постои голем интерес за ракомет, салите се полни, но никаде атмосферата не е како во Македонија. Тука и кога не е полна салата имаш впечаток дека е! (се смее) Интересот за ракометот, се зборува за него, енергијата која ја носи публиката од трибините, односот на сите… Првенството е квалитетно, со силни екипи, дерби дуели има скоро секое коло и се вложува многу.  Мислам дека во Македонија ракометот е најценет како спорт.“

Подолу може да го прочитате викенд-интервјуто на Грузиецот со 24Ракомет…

ИНТЕРВЈУ ТЕИМУРАЗ ОРЈОНИКИДЗЕ: Охрид е клуб со визија!