Екипата на Партизан од Гевгелија на свој терен славеше победа над Преспа Вардар со пет гола разлика, 30:25 (14:12), во натпревар од 8. коло од плеј-аут фазата во Првата лига.
За тимот од најјужниот град во Македонија ова беше 4-ти триумф во вториот дел од тековната сезона, односно во прволигашкиот плеј-аут.
Партизан со денешната победа го зголеми бодовното салдо, сега има 14 бодови и се уште е во игра за првата позиција на табелата.
Победничката екипа беше предводена од Никола Анакиевски со десет и Горан Лисичков со седум погодоци.
Во поразениот табор најефикасни со по шест погодоци беа Дамјан Фузевски и Мартин Мазниковски.