Пионерските екипи на Вардар и на Ѓорче Петров во женска конкуренција се единствените без загубен бод сезонава, во својата возрасна конкуренција. Двете екипи немаа проблеми ни во последното коло, па триумфираа пред домашна публика.
Во А групата главната борба се води меѓу Вардар и Делчево Вардар. Скопјанки имаа лесна задача против аутсајдерот Овче Поле и го победија со 28-12. Сара Ристовска и Мила Ристовска заедно постигнаа 13 гола, и беа најефикасни на натпреварот. Се беше решено уште на полуврем екога резултатот беше 20-4 во корист на „црвено-црните“.
Делчево Вардар како „брз воз“ помина во Илинден каде му гостуваше на Кузман Вардар и гостинките триумфираа со 35-16. Мелита Стојменова и Бојана Ѓеоргиевска постигнаа вкупно 22 гола, (11 секоја од нив) за лесен триумф.
Во следното коло е дербито во групата, а Вардар ќе му гостува на Делчево. Меч кој ќе реши која екипа на крајот ќе заврши како прва во групата. На првиот меѓусебен дуел сезонава вардарки на домашен терен славеа со 24-17.
Во Б групата, Ѓорче Петров дома лесно, со 24-10 триумфираше против Деспина. Скопскиот им има девет натпревари и предност од пет бода, во однос на второпласираната Стружанка која има одиграно 10 натпревари. Стружанки „кикснаа“ во Битола кај тимот на Пелистер, играјќи 18-18, па загубија два бода во „бркањето“ на лидерот Ѓорче Петров. Гостинките од Струга во последната минута израмнија со што барем спасија бод, а во најголем дел од средбата имаа негатива. Анастасија Тодоровска дае 11 гола за Пелистер, а Елена Балоска девет за Стружанка.
РЕЗУЛТАТИ
Група А
Вардар – Овче Поле 28-12
Младост – Металург Автокоманда 7-21
Кузман Вардар Илинден – Длечево Вардар 16-35
ТАБЕЛА: Вардар 24, Делчево Вардар 21, Кузман Вардар 12, Металург Автокоманда 9, Астибо 6, Младост без бодови
Група Б:
Металург – Лихнид 23-9
Пелистер – Стружанка 18-18
Чаир – Младост Јуниори 10-0
ТАБЕЛА: Шорче Петров 27 бода, Стружанка 22, Пелистер 19, Металург 15, Чаир 12, Деспина 12, Младост Јуниори 2, Лихнидос без бодови.