Иако Венсан Жерар минатото лето беше најавен како големо засилување за бундеслигашот Кил, сепак соработката траеше кратко.
Тој најави крај на кариерата на лето, а многу веројатно ќе ја доигра сезоната во францускиот Истр, пишува „Upskill Handball“.
Неговата повреда беше причина Кил да го ангажира и Самир Беласен, кој веднаш ги освои симпатиите и формираше одлично дуо со Томаш Мрква.
На полусезоната, челниците на Кил одлучија да му соопштат на Жерар дека не сметаат на неговите услуги, и дека ќе брани во случај на повреда на некој од другите двајца голмани.
Тоа не му одговараше на Жерар, па двете страни се договорија да го раскинат договорот и секој да си продолжи на своја страна.