🎥Вардарецот Јасухира падна како покосен, селекторот на Јапонија се фати за глава
Ракометарот на Вардар, Коскуе Јасухира, кој настапува за репрезентацијата на Јапонија, во натпреварот со Иран на Азискиот шампионат доживеа повреда. Репрезентативецот на Иран, Маргмал Масуди, брутално стартуваше врз средниот бек на „црвено-црниот“ тим, по што Јасухира падна директно на грбот. Селекторот на Јапонија, Дагур Сигурдсон, се фати за глава, но најверојатно повредата на Јасухира не е толку сериозна и вардарецот ќе биде подготвен за следните предизвици. Јапонија го доби дуелот со Иран, триумфираше со 25:23, а денес силите ќе ги одмери со ОАЕ.