Селекторот на Исланд, Снори Гудјонсон, го скрати списокот на ракометари кои се во конкуренција за настап на Европското првенство во Германија 2024 година.
Гудјонсон за време на подготвителниот период ќе смета на 20 ракометари, поголемиот дел од нив, дури девет, настапуваат во Бундес лигата.
На списокот кај Гудјонсон се наоѓа и искусниот Арон Палмарсон. Средниот бек, кој настапува во шампионатот на Исланд, сѐ уште игра во одлична форма.
Составот на Гудјонсон подготовките ќе ги започне на 27 декември, потоа пред настапот на Европското првенство ќе одигра неколку пријателски натпревари.
Исланѓаните на двапати ќе тестираат со репрезентацијата на Австрија, која исто така ќе учествува на континенталниот собир.
Репрезентацијата на Исланд за ривал во групната фаза на Европското првенство ги има репрезенатциите на Србија, Црна Гора и Унгарија.