Промовирана химната – „Прослава“ ќе се пее на ЕП во Германија (ВИДЕО)
Официјалната химна за претстојното Европско првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија, претставена е на „јутуб“ каналот на познатата група „Culcha Candela“. Хип-хоп групата, која минатата година прослави 20-годишен јубилеј, претстави своја верзија на познатата песна Прослава или Celebration. Премиерата на химната во живо беше промовирана во текот на вчерашниот ден во Минхен, односно на пријателскиот дуел меѓу Германија и Египет. Европското првенство во Германија ќе се одржи во периодот од 10 do 28 јануари. На континенталниот собир ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.