Загреб ги „чуваше“ Дибиров, Чупиќ, Гојун, Кос…за Еурофарм Пелистер

Хрватскиот првак Загреб е следниот ривал на македонскиот шампион во Лигата на шампионите во натпревар од петтото коло.

Загреб пред соочувањето со пелистерци, одигра натпревар од хрватскиот шампионат и го победи Вараждин со 44-33.

Тренерот Андрија Николиќ, кој веројатно го одработи последниот меч како прв стратег, излезе со шаренолик состав.

Не настапија Иван Чупиќ, Милош Кос и Алјаж Пантјар, а не играа ниту Тимур Дибиров и Јаков Гојун, иако беа во ростерот.

Давор Чавар постигна десет погодоци, Лука Ловре Кларица и Паоло Краљевиќ стрелаа по шест пати, а голманот Анте Грбавац имаше 17 одбрани.

Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер се игра в четврток, на 19 октомври со почеток во 18:45 часот.