Некогашниот шампион на Македонија, тимот на Борец од Велес, беше катастрофално поразен на гостувањето во Богданци.
Борец во натпревар од 4. коло од прволигашката конкуренција го имаше составот на Младост, кој постигнуваше погодоци како од шега и убедливо славеше со 56:6.
Поразително за тимот од Велес е што во првиот дел не постигна ниту еден гол, а прими дури 29.
Гостинскиот тим првиот гол го постигна дури во 36 минута преку Ристов и до крајот на натпреварот уште пет пати реализираше во домашната мрежа.
Борец и во ланската сезона беше ‘топовско месо’ и ги загуби сите дуели во регуларниот дел и во плеј-аут фазата во Првата лига.