Македонската интернационалка Марија Тасевска иако дојде во Јагодина пред неколку дена, веќе го освои првиот трофеј.
Српскиот тим славеше во Супер Куп натпреварот против Бекамент ББ со убедливи десет гола разлика, 28-18.
Победата на новиот клуб на Тасевска беше најавена уште по првото полувреме, кога Јагодина водеше со плус пет, 14-9.
Српскиот шампионат почнува викендов, а Јагодина и македонското лево крило ќе гостуваат кај Младост.