Тимот на Амичитија Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби во дербито на швајцарското првенство.
На домашен терен Цирих беше поразен од Фади Винтертур со 32-31, откако на полувреме беше реми, 16-16, во натпревар од второто коло.
Поповски беше меѓу најдобрите стрелци и на овој натпревар како и на претходниот со Кадетен, и успеа да постигне четири гола од пет обиди.
Следен предизвик за Цирих и Поповски ќе биде домашниот натпревар со незгодниот тим на ТВ Сур Арау.