Ваљадолид на македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски со победа ја отвори новата сезона во Асобал лигата.
Тимот предводен од екс вардарецот Давид Писонеро славеше на гостувањето кај незгодната Уеска со 30-25.
Димитриоски стрелаше три пати од четири обиди на овој натпревар, додека Димитриевски имаше еден погодок.
Следен предизвик за македонскиот двоец и Ваљадолид ќе биде натпреварот на домашен терен против Пуерто Сагунто.