Фантастична партија на Митревски – одбрани половина од ударите на противникот!

Португалскиот првак Порто го забележа вториот триумф во домашниот шампионат и победнички ќе го очекува стартот на Лигата на шампионите.

По победата на гости кај Белененсес, Порто предводен од македонскиот голман Никола Митревски славеше дома против Повоа со 30-21.

Чуварот на мрежата на Порто забележа 17 одбрани од 37 упатени удари од противничките ракометари.

Следен предизвик за Митревски и Порто ќе биде дуелот со Висла Плоцк од Лигата на шампионите, додека в недела ќе се соочат со Гаиа на гостински терен.