Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, загуби на премиерата на новата сезона во Бундес лигата.
Цвикау беше поразен на домашен терен од незгодниот состав на Бломберг со 12 гола разлика, 32-20.
Македонската репрезентативка беше најдобар стрелец во домашниот тим и успеа да постигне пет погодоци на овој натпревар.
Таа паузираше во дел од минатата сезона поради скршеница на стопалото, но сега е подготвена за настап.
Нов предизвик за Маџовска и Цвикау ќе биде гостувањето кај составот на Солинген следниот викенд.