Талески и Бенфика убедливи против Белененсес

Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, ја забележа првата победа во португалскиот шампионат.

По поразот од Спортинг во првото коло, Бенфика го истури бесот врз Белененсес и славеше со 30-17 во вториот натпревар сезонава.

Талески постигна еден погодок на овој натпревар, кој е прв за него во дресот на португалскиот гигант на официјалните мечеви.

Следен предизвик за македонскиот лев бек и Бенфика ќе биде гостинскиот меч против Повоа за седум дена.