Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската интернационалка Андреа Седлоска, имаше победнички старт на хрватскиот шампионат.
Хрватскиот првак, иако ослабен на домашен терен немаше проблеми против составот на Сесвете и победи со 32-16.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога избраничките на Ненад Шоштариќ направија залиха од седум гола, 16-9.
Левиот бек Седлоска на овој натпревар беше стрелец на еден погодок од еден обид. Следен предизвик за Македонката и Локомотива ќе биде на гости кај Осијек.