ПРИЛЕП 2023: Ангелески е најдобар голман, Илиески МВП, награда за животно дело за Арапчески

По завршувањето финалниот натпревар меѓу Дубочица Лесковац и Мулти Есенс, кој убедливо го доби српската екипа, беа доделени и индивидуалните признанија.

МВП на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ е прилепчанецот Божидар Илиески од второпласираниот тим од Автокоманда.

За најдобар голман е прогласен чуварот на мрежата на Прилеп, Иван Ангелески, кој имаше одлична партија особено на мечот за третото место против Еурофарм Пелистер 2.

Најдобар стрелец на турнирот е Горан Ристовиќ од Дубочица Лесковац, а беше доделена и награда за животно дело.

Таа беше доделена на Тодор Арапчески – Тошко, легендарен голман и голмански тренер во некогашниот Тутунски комбинат Прилеп.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

ПРИЛЕП 2023: Дубочица со втор трофеј во низа, Прилеп го освои третото место