Македонската репрезентативка Леонида Гичевска во новата сезона ќе има нов предизвик во интернационалната кариера.
По заминувањето од францускиот Безансон, Гичевска ќе се пресели во Романија и ќе ги брани боите на Стинта Букурешт.
Таа ќе биде единствена Македонка во можеби најсилната женска лига во Европа, каде играат ЧСМ Букурешт, Валчеа, Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Глорија Бистрица…
Гичевска потекнува од Свети Николе, во Македонија играше за Вардар Јуниор, Вардар, Металург и Куманово, а во странство ги бранеше боите на францускиот Ле Пузен и хрватската Локомотива Загреб, со која играше во Лигата на шампионите.
Покрај неа во Романија, во Втората лига, ќе играат уште три Македонки – Сања Дабевска, Јована Саздовска и Јована Мицевска.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!