Освојувачот на Куп трофејот во Германија минатата сезона, Рајн Некар Левен, го одреди терминот за реванш средбата од квалификациското коло во Лигата на Европа против Вардар.
Натпреварот меѓу германскиот и македонскиот тим ќе се одигра на 3 септември, недела, со почеток во 16:00 часот во Хеиделберг во „СНП Арена“.
Првиот натпревар меѓу Вардар и Рајн Некар Левен ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 26 или 27 август.
Македонскиот и германскиот тим досега се имаат сретнато десет пати во европските купови, а традицијата е на страна на Вардар, кој има дури седум победи.
Фаворитската улога сега е на страната на Рајн Некар Левен.