Македонската репрезентативка Сара Ристовска и рускиот шампион ЦСКА Москва на крајот на летото ќе имаат шанса за тројна круна.
Руската федерација го објави терминот и местото на одржување на Суперкуп натпреварот во женска конкуренција.
Дуелот меѓу шампионот ЦСКА Москва и финалистот на Купот, Лада Тољати, ќе се игра на 30 август.
Домаќини ќе бидат градот Кемерово и „Кузбас Арена“, која собира 7.500 гледачи.
Ова ќе биде 10 издание на рускиот Суперкуп. Минатата сезона го освоија ЦСКА Москва и Ристовска, еден трофеј има Звезда, а дури седум пати славеше Ростов.