Македонската репрезентативка Јована Кипријановска ќе го продолжи својот престој во тимот на Ле Самбр Авенуа.
Десниот бек од Куманово, минатото лето направи трансфер во француската екипа и остави одличен впечаток во првата сезона.
Затоа раководстовото и понуди нова соработка, па Кипријановска и во следната сезона ќе го носи виолетовиот дрес на Ле Самбр Авенуа.
„Имавме подеми и падови во текот на сезоната, но се надевам дека следната ќе биде уште поуспешна и ќе го освоиме трофејот. Ова беше прва сезона во странство за мене. Ново искуство, нов тип на ракомет, нов дом за мене, учење француски јазик…сето ова направи од мене подобар играч. Едвај чекам да почне новата сезона и сите предизвици во неа“, изјави Кипријановска.
Кипријановска беше дел од составот на Македонија на ЕП 2022, а настапи и во баражот за СП 2023.