Екипата на Деспина во осминафиналето од Купот на Македонија обезбеди убедлива победа против младиот тим на Кузман Вардар со 35:16 и за место на Ф4 турнирот ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Шампион. Овој натпревар беше одигран во рамки од втората група.
Гостинот од Скопје парираше само во првите десетина минути и по нерешените 3:3, домашниот тим направи серија од 8:0, се одлепи на 11:3 и веќе во тој момент ја запиша победата.
Кузман Вардар се почесто правеше грешки и му дозволи на ривалот да има целосна доминација на теренот. По 30 минути игра, резултатот беше 19:7 во корист за домаќинот.
Во вториот дел продолжи серијата на голови на Деспина, која во ниту еден момент не му попушти на гостинскиот табор.
Најефикасни во победничката екипа беа Маја Ристеска и Адела Еленин со по осум погодоци. Кај Кузман Вардар најефикасна беше Нина Милевска со шест реализации.